Што е хероин?

Woman looking at bag of heroin

Пријатели?

Што ќе ти се пријатели ако немаш хероин?

Наместо да искочам преку викенд со пријатели и да потрошам 20 евра за искачање ќе си купам хероин. Ќе си седам сама дома и цела вечер ќе се дружам со фолијата. На што ќе личи тоа искачање ако не си купам хероин и искочам у криза? Можам да си купам хероин и да ги викнам пријателите да седиме кај мене дома. Ама така ќе треба да се кријам во тоалет да пушам фолија, наместо да си пушам во дневна… Исто претпоставувам дека сте виделе по филмови во каков простор живеат зависници од хероин… Епа во таков простор живеев и јас. Премногу out и депресивна за да ичистам по дома, а ако ги викнам пријателите у таков простор ќе сфатат дека имам сериозен проблем…

За некој е куче, за друг книга, ама за зависник од хероин – хероинот е најдобриот пријател.

Дечко?

Како можам да сакам некој друг кога сум заљубена во хероинот? Со него сум по цел ден и цела вечер до пред да заспијам, а кога се будам првата мисла што ми паѓа на памет е ХЕРОИН. Не беше возможно да имам друга врска кога бев заљубена во хероинот. Тоа е опсесивно-болна врска. Се осеќам слободно и не ми треба никој друг кога е со мене, а кога не е со мене имам силна психо-физичка болка. Хероинска криза е најодвратното чувство што го имам доживеано. Слично е ко да си во врска со насилство, ќе земеш пак хероин и ќе заборавиш на хоророт кој си го поминал у криза. Во врска со насилство и покрај тоа што си добил ќотек го сакаш тој што те тепа. Ќе му простиш и ќе му се смириш. И пак ќе те истепа… И се така во круг, дур не се деси катастрофа. Епа и со хорс е исто, нема да раскинеш со хорсот дур не се најдеш во катастрофална ситуација…

Годишен одмор?

Depressed Drug Addict

Беше голем проблем кога бев зависник. Ако одам на 10 дена надвор од мојата земја, а пушам по 2 грама на ден, треба да пренесам 20 грама хероин преку граница. Затоа нема да одам на одмор. Со парите за на одмор си купував хероин. Пушев по 24/7 без да спијам по 2 недели. После немав пари за на одмор (ни за хероин), ама зашто би ми биле пари за на одмор кога и така не можам да преминам преку граница?

Ми се крши креветот…

Не купувам кревет. Купувам хероин. Во криза ли да спијам на новиот кревет?

Кај спијам? Kaj може да се спие без кревет?

Ми го гасат интернетот…

Не го плаќам, си купувам хероин. Во криза ли да седам на интернет?

Станува уште полошо.

Ми ја гасат струјата…

Не ја плаќам, си купувам хероин. Добро што ја исклучија, без струја не можам да користам интернет, па вака не мора да го плаќам.

Кога сум зависник веќе 10 години, јасно дека ќе се најдам во центар за рехабилитација од дроги. Кај на друго место да бидам кога по цел ден пушам хероин?

Тука имам пријатели. Идам со цимерката во теретана, она вежба, јас пишувам…

Толку бев заглавена во зависности, што прекинав да имам соништа.

Почнав да размислувам што ќе правам понатака…

O.A. - Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА