Победувајќи ја зависноста сфатив колку е животот убав

Man walking
(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)
 

Јас сум човек кој го сака спортот и живее за него, човек кој сака да помага на секој кога му е потребна помош за било што. Бев професионален спортист и солиден ученик кој редовно помагаше во фамилијата. По завршување на средно школо отидов на факултет и рекреативно спортував. Како секој млад човек почнав да конзумирам алкохол на забави, домашни журки, за викенди на излегувања и воопшто не го сметав тоа за опасност, туку напротив сметав дека е нормален дел од живеењето на секој човек. Полека со тек на време по одење на забави и дружење со разни друштва почнав и со конзумирање на марихуана. Марихуаната ја гледав исто како цигара и воопшто не ја сметав како дрога, исто така и алкохолот, си викав дека тоа е нормално, дека јас сум силна личност и дека имам се под контрола, а и на крај краева многу го прават истото што и јас, значи не е опасно. Со поминување на годините од алкохолот и марихуаната полека и неосетно се намалуваше свеста кај мене и кога ќе ми наидеше некој проблем јас тешко го соочував. Така се потиснував самиот себе и утехата ја наоѓав се повеќе и повеќе во алкохолот и дрогата. Така почнав и со хероин, мислејќи на почетокот дека јас сум појак од него, дека можам да го контролирам и можам да го земам кога јас сакам, но не испадна за ништо така. На почеток некој период го правев тоа но потоа почна да излегува од контрола и на тој начин почнуваа проблемите во мојот живот.

Ги прекинав односите со вистинските и добри другари, прекинав комуникација со фамилијата. Преку дрогите влегов и во криминалните води и правев работи кои ни на сон не би ги направил. Почнав да бегам од полиција и да се кријам затоа што му наштетував на општеството и станав и домашен криминалец. Работев и добро заработував но како вика народот „Работиш како вол за слама“, а јас ја немав ни сламата. Почнав да бидам приведуван и осудуван за моите злодела кон општеството а исто така почнав да ја разорувам и растутам фамилијата која е угледна и пример во општеството. Веќе го согледував мојот проблем дека сум паднат во некоја дупка и полека ја губам светлината со што почнав да се мразам самиот себе и да ја губам волјата за живот.

Едноставно не сакав да живеам таков живот и викав дека кучињата на улица подобро живеат. Така почнав да се обидувам да барам спас и да излезам од таа дупка, да одам на психијатри но брзо увидував дека е тешка глупост тоа и дека од една влегувам во друга но поголема и подлабока дупка. Така го најдов Нарконон Балкан каде дојдов на програма и по кратко време веќе гледав напредок кај мене и тоа ми беше ветер во грб да грабам и да одам напред во програмата.

„Не ми треба ниту дрога ниту алкохол за да бидам среќен и да уживам во животот.“

Сега на крај можам слободно да кажам дека сум најсреќниот човек што ја добив битката, затоа што најголема победа во животот е да се победиш самиот себе. Сега сум полн со енергија и живот во мене, сфаќам колку е убав животот и имам воља за живот, се сакам самиот себе и гледам со други очи на животот. Не ми треба ниту дрога ниту алкохол за да бидам среќен и да уживам во животот. На овај начин можам да контролирам се во мојот живот. Сега мислам кога успеав јас да излезам од таа дупка без светлина и да го видам сонцето, тогаш може секој.

Студент на Нарконон Балкан – Н.А. 

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА