Почнав да се ценам и почитувам себеси

После завршување на курсот “Објективи” најпрво морам да кажам дека се чувствувам преубаво, како физички така и психички. Сфатив и обновив многу способности за кои претходно не сум бил ни свесен дека ги поседувам. Сфатив дека во животот мора секогаш да се има цел по која ќе се водам, а не како порано кога бев без никаква цел и само лутав низ времето. Моето внимание го вратив во сегашно време и минатото го оставив онаму каде што и припаѓа. Повеќе ги немам оние мисли кои ме навраќаа кон минатото и ми правеа лошо чувство за постапките кои сум ги правел порано.

Слика од www.pexels.com

Зголемена ми е перцепцијата и ми се врати чувството за допир и сега многу подобро ги чувствувам предметите што ги допирам. Исто така сега работитите ги забележувам и гледам многу подобро. Ми се избистри слухот и многу подобро слушам. Ми се зголеми рамнотежата и контролата врз сопственото тело. Исто така сега можам да се соочам со секоја ситуација без да ја одбегнувам. Повеќе го немам проблемот да се збунувам додека комуницирам или пак да заборавам што ми кажал соговорникот. Исчезна сиот оној бес и немир кој го чувствував. Почнав да се ценам и почитувам себеси, а не да се уништувам. Сега се чувствувам многу постабилен и посмирен.

Сфатив дека во животот не треба да се откажувам од секоја препрека туку треба да ја надминам и да продолжам понатаму. Се чувствувам прекрасно, со огромна енергија и самодоверба.

С.Ш - Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА