Почувствував, непроценлива и неопислива среќа

Слика од Rakicevic Nenad, Pexels 

Сметам дека за успешно живеење на животот како личност ослободена од дрога, овој курс е најважен. Започнав со курсот “Лични Вредности”, со изучување на теоријата и многу работи ми се разјаснија во главата, но не сосема. Дознав што значи етика и кои се личните вредности ама сепак немав целосна слика како сето тоа би изгледало во примена. Најтешкиот дел од курсот но најефективниот беше испишувањето на моите штетни постапки од сите области на животот, со цел да ги обелоденам, споделам и да се ослободам од нив. На почетокот не верував дека таа цел се исполнува со испишувањето, бидејки нивото на соочувањето ми беше многу ниско.

Сепак со тек на времето тоа се зголемуваше се повеќе и повеќе додека не стигнав до тоа да бидам способна да соочам се што сум направила и да се ослободам од тоа. Исто така додека ги испишував штетните акции имав прекрасни реализации за областите и мојата поставеност во нив според моите акции. Го видов од страна синџирот на областите како функционира и како една штетна акција во една област има последица на повеќе области. Синџирот го пресеков со враќање на љубовта кон себеси и си откривање на коренот од секој проблем. Научив, а и почнав да применувам одговорност за себе и за тие околу мене, конечно почнав да дејствувам одговорно во околината не правејќи штета кон другите. Кога се гледам во огледало сега гледам една чиста, чесна и способна личност достојна да биде дел од групата, општеството, врската и фамилијата.

Слика од www.pexels.com

Повеќе не бегам од својот одраз во огледалото. Кога завршив со испишување на штетните постапки почуствував среќа, непроценлива среќа, неопислива среќа. Тогаш научив две правила за среќен живот кои ми гарантираат, доколку успешно ги применувам, а ги применувам и имам среќен живот и знам дека ќе имам и по завршувањето на Нарконон програмата. Дознав дека иако животот е убав, секогаш има ситуации кои се непријатни, а ги искусувам.

За да продолжам да бидам среќна треба само да ги соочувам тие ситуации и едноставно да бидам способна да ги искусам и надминам. Исто така акциите упатени кон другите околу мене ги правам до онаа мера до која би можела и јас самата да ги искусам, а исто и другите. Чесност, давање потврди на добрите работи и конструктивното однесување ми се секојдневие и со тоа останувам цел живот среќна и успешна DRUG FREE личност.

И.К. — Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.
АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА