Поддршка и придонес кон групата за да се оди напред кон нови успеси

Пред да дојдам на Програмата во Нарконон, мојата група на луѓе што ме опкружуваше беа само луѓе кои правеа криминал од кои и јас самиот бев дел. Моето размислување спрема таквите работи како продавање дрога, крадење, правење штети, ми беше нормално и секојдневие и на мене и на групите кои припаѓав и јас во нив гледав како да дојдам до дрога или како да се направат пари за да се купи дрога или да се продаде дрога за пари. И со тоа што сум мислел дека им помагам или тие на мене, само сме се уништувале едни со други. Немало никакво почитување помеѓу едни со други туку само проблеми, искористувања и меѓусебни штети.

Narconon Balkan
(Слика од www.pexels.com)

Но откако дојдов на Нарконон Програмата како што одев низ неа ми се промени начинот на размислување и на делување во однос на групата. Тука почнав да им помагам, а и тие на мене, да се почитуваме, да имаме добри односи, сложни за било која работа. И сфатив дека треба како група да се држеме за ако сакаме да опстанеме, без разлика дали во друштво или на работа, треба да се биде чесен, а не да се искористуваме или правиме штети едни со други, затоа што само така една група може да оди напред. Треба да се поддржуваме и да придонесуваме едни со други за да опстанеме, за да имаме големи успеси и придобивки како што е моментално.

С.Ш.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА