Прекрасно е да имаш пријатели на кои можеш да се потпреш

(Слика од Fotolia.com)

Кога започнав со работење на Курсот Лични Вредности од областа за групите во животот се чувствував безволно за работа, сметав дека оваа област е најмалку важна и непотребна. Како што ги разработував моите штетни постапки и акции во однос на оваа област сфатив дека пред одредено влијание во животот јас обожавав да бидам дел од некоја група, но тоа влијание ми го смени концептот за пријателите и групите. Почнав да мислам дека сите ми се непријатели и дека групата е најдеструктивната работа и дека една група не може мене да ми помогне.

(Слика од Pinterest.com)

Тотално го сменив начинот како ја гледам групата сега и прекрасно е да имаш пријатели на кои можеш да се потпреш, а и исто толку прекрасно и исполнувачки е да бидеш дел од истата. Групата не е непријателска и злобна, групата е многу конструктивна и ја носи единката нагоре. Но за да можам како единка да работам заедно со групата потребни се лични вредности и индивидуална етика со која се стекнувам со помош на овој курс.

Исто така, а можеби и најважно е тоа што за да се биде во група мора да се биде одговорен, веродостоен и човек од доверба за напредокот на групата да расте. Многу сум благодарна што добив поинаков аспект на гледање на оваа област од животот, за која, за разлика од кога почнав со работење на овој курс, имам силен интерес и голем ентузијазам и ја сметам за многу важна област од животот.

И.К. — Студент во Нарконон Балкан.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА