Поголема Свесност и Правилно Расудување

Narconon Life Skills Courses

Во овај дел од Нарконон програмата во курсот “Лични Вредности” ги увидов и сватив суштинските правила и принципи кои една личност треба да ги научи, поседува и употребува за да води успешен и исполнет живот со позитивни емоции, да го зголеми својот опстанок на високо ниво до момент на благосостојба.

Со овај курс сватив дека поголемиот дел на проблемите и негативните доживувања кои ги искусуваме во животот потекнуваат од самите нас. Немањето на способност да се соочиме со нив, избегнувањето нѐ прават да се движиме во надолна линија. Да ги губиме основните вредности кои секој човек треба да ги има во себе, да ги поседува. Tоа се Етиката и Моралот. Со нивното употребување човек доаѓа до поголема свесност и правилно расудување на што е исправно а што е погрешно и се придржува на законите и правилата кои се создадени за подобро функционирање на општество.

“Сватив дека не може еден човек да сака и да помага на другите ако не се сака, почитува и ако се уништува самиот себеси.”
Young man looking at the valley

Сватив дека не може еден човек да сака и да помага на другите ако не се сака, почитува и ако се уништува самиот себеси. Затоа јас а и сите други треба да тргнеме од мислата и идејата “Сакај се и почитувај се самиот себе” но не до егоизам. А кога ќе го сватиме тоа треба да продолжиме со “Сакај ги и почитувај ги другите како што се сакаш и почитуваш самиот себе”.

Во тој момент кога ќе осознаат луѓето како што осознав и јас, целата негативност и деструктивност која си ја нанесуваме на себе, на нашето опкружување и на целото општество ќе се смени во чесно, праведно и разумно осудување на работите, со кое ќе донесиме позитивност, поголема креативст, конструктивност и поголем опстанок за себе и за општеството до ниво на благосостојба.

После овaј курс и ова знаање што го стекнав со оваа книга знам и чувствувам дека мојата ментална состојба и свесност се на многу повисоко ниво од претхоно. Моето искажување и дејствување секогаш ќе тргнува од работите научени во овај курс а тоа се етичност, моралност, чесно и праведно однесување кон се со што ќе стапам во контакт или комуникација.

Најискрено ви благодарам за укажувањето на стекнатото знаење до сега, кое ќе ми служи за да постигнам успех и да си овозможам подобар живот.

Студент од Нарконон – Балкан А.И.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА