Етиката - Учењето за исправно и погрешно

Во курсот Лични Вредности првото нешто што го научив е етиката – учењето за исправно и погрешно, што повеќе носи добро а што лошо, и според тоа пред да донесам одлука да направам нешто да размислам дали тоа ќе биде добро или лошо. Претходно без размислување, механични правев само лоши акции кои ми правеа штета, најпрво на самиот себеси па потоа на моето семејство, групата и општеството.
Многу важна работа што научив е дека етиката е лична работа. Не треба да земаме примери од туѓата не-етика или да гледаме што прават другите и зошто не го прават тоа што треба да го прават. Покрај цела таа не-етика што ја гледаме наоколу, потребно е да се држиме до сопствената етика бидејќи ние самите сме одговорни за нашата среќа, нашето здравје и нашиот успех (секој за себе).
Научив како да ја применувам етиката, дека треба да сум искрен со самиот себеси, да бидам чесен и да си ги соочам моите не-етични постапки од минатото. Работејќи ги практичните задачи на курсот увидов доста работи за тоа како и кога ми започна спиралата на опаѓање на секоја област во животот. Забележав како влијаат несправените комуникации, дека без никакви факти нешто и најмалку да ми имало логика сум го прифаќал такво какво што е и потоа истото сум го пренесувал на други лица и со тоа сум му ја искривувал реалноста на нивните гледишта. На тој начин сум ги распаѓал групите во кои сум бил член, а ниту еден човек не може да опстане без група.
„Златните правила ме научија да се спремам да бидам способен да ги прифаќам работите такви какви што се и добри а и лоши.“

Студент на Нарконон Балкан – Н.М.