Поголеми шанси за успех во животот

Успешна жена
(Слика од GSPictures/iStockPhoto.com)
 

Мојот успех од работењето на курсот Менување на Состојбите во Животот е тоа што ги научив формулите со кои можам да си ја подобрам состојбата во секој дел од мојот живот и сфатив дека јас и многу други луѓе едноставно сме чекале животот, работата или било што друго да се подобри самото од себе, но за тоа научив дека постои одреден конкретен начин, точно прецизирана формула и со акции и работење ние самите избираме во која насока ќе се движиме. Дали на повисока состојба и ќе бидеме успешни луѓе или ќе паѓаме на подолна состојба и ќе бидеме неуспешни.

Со помош на практичните задачи од овај курс видов дека мојот живот во различен временски период во различни области бил во различни состојби, исто и на другите луѓе кои ме опкружувале забележав во која состојба се наоѓале и што правеле погрешно во однос на тоа. Сигурна сум дека ќе се движам нагоре со големи шанси да имам успешен живот.

„За време на овај курс забележав и дека способноста за учење ми е многу зголемена и тоа што го учам го разбирам целосно и имам идеи за истото.“

Сега знам дека имам разбирање на материјалот кој го изучував со волност и интерес. За време на овај курс забележав и дека способноста за учење ми е многу зголемена и тоа што го учам го разбирам целосно и имам идеи за истото. Благодарна сум на супервизорите кои ми помогнаа полесно да го изучувам материјалот и да извлкувам секогаш макисмум од тоа што го учам.

Можам да ги разликувам состојбите и да ги применувам нивните формули, секако дека ќе работам на тоа да ги вметнам во секојдневието на мојот живот и да можам полесно и побрзо да ги решавам ситуациите на кои ќе наидам во иднина.

Студент на Нарконон Балкан – Г.Ш.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА