Придонес во искоренувањето на најголемото зло – зависноста од дрога и алкохол

Менување на состојбите во животот.

Како последен чекор на програмата на Нарконон е курсот Менување на состојбите во животот. Сега откако лицето ја има справено физичката страна од зависноста, време е да посветиме внимание на надокнадување на штетата и на враќање во нормала на секоја област од животот.

На овој курс, студентите дополнително учат за постапките кои можат да се следат и со кои можат да ги поправат сите грешки од минатото, така што истите повеќе не претставуваат проблем во сегашноста, учејќи конкретни чекори за тоа како да ги унапредат своите животи.


Приказна за успех од студент кој успешно го заврши овај курс:

човек
(Слика од Brooke Cagle/Unsplash.com)
 

„Зависноста од дрога и алкохол е еден од најголемите проблеми во нашето општество. Зависнсоста го прави секој еден човек интровертирана, неодговорна и себична личност. Јас имав храброст и среќа да ја решам и надминам зависноста што сега ме прави конструктивна и здрава единка во општеството. 

Со самото решавање на зависностите од дрога и алкохол постанав успешна, среќна, одговорна, екстровертирана, амбициозна и корисна личност.

Со самото решавање на зависностите од дрога и алкохол постанав успешна, среќна, одговорна, екстровертирана, амбициозна и корисна личност. Сите овие карактеристики се гледаат и мерат преку напредокот и успехот во групите во кои припаѓам. Што повеќе придонесувам и го правам истото за секој член од групата, тогаш ќе има напредок на таа група во општеството и со самото тоа и општеството ќе напредува. Мојата заложба сега е да останам ослободен од дрога и алкохол, да допринесам во општеството и да придонесам во искоренувањето и победувањето на најголемото зло на денешницата – зависноста од дрога и алкохол.“

Студент на Нарконон Балкан – И.Ц.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА