Важноста на Етиката и Одговорноста

На курсот Лични вредности, студентите учат како се губат личните вредности и како да си ги повратат истите. Тие почнуваат да ги препознаваат нивните вистински обврски. Студентите учат постапка која им овозможува да преземат целосна одговорност за нивните лоши постапки од минатото и на тој начин доживуваат олеснување од траумите и вината кои се поврзани со нив. До крајот на овој курс, студентите ќе бидат подготвени да го остават минатото зад себе и да тргнат напред кон една позитивна иднина.


Приказна за успех од студент на овој чекор

Работејќи ја практичната задача од курсот Лични Вредности увидов некои нови нешта. Како поминувале годините, чувствата према моето семејство исчезнуваа. Бев свесен за тоа и не знаев навистина зошто тоа е така. Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи бев ладен и немав ама баш никакви чувства, членовите од потесното семејство ги осеќав како странци, како било кој од улица. Бев свесен за тоа но не знаев зошто е така.

Работејќи ја практичната задача во некои моменти навистина искусив непријатности од моите постапки од минатото, едноставно не се чувствував добро поради тоа. Добив огромна желба да ги исправам грешките од минатото преку акции.

“Си ја враќам етиката и спремен сум да превземам одговорност за моите постапки”

Чувствата и емоциите полека но сигурно ми се враќаат и гледам всушност колку ги сакам членовите на моето семејство, многу пати ми опростувале и секогаш биле тука за мене, без разлика колку сум бил јас груб према нив. Гледам дека непријателски сум делувал на моменти и доста штета сум им нанел, но тие и покрај се биле за мене и со мене. Имам огромна желба да сум со нив, да ги гушнам и да почнам да работам за да ја вратам довербата нивна. Јас, тиранинот на своето семејство, си ја враќам етиката и спремен сум да превземам одговорност за моите постапки, за прв пат во мојот живот. 

Студент на Нарконон Балкан - Н.Н.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА