Поставив цврсти темели за нов живот

(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

На курсот „Лични вредности“, студентите учат како се губат личните вредности и како да си ги повратат истите. Тие почнуваат да ги препознаваат нивните вистински обврски. Студентите учат постапка која им овозможува да преземат целосна одговорност за нивните лоши постапки од минатото и на тој начин доживуваат олеснување од траумите и вината кои се поврзани со нив. До крајот на овој курс, студентите ќе бидат подготвени да го остават минатото зад себе и да тргнат напред кон една позитивна иднина.

Приказна за успех од студент кој го заврши овај чекор

Курсот Лични Вредности беше за мене најдобар и буквално ме раздрма. Со работењето на практичната задача од курсот искускив разни реакции и мислев дека тоа што го работам нема поента, но со тек на време ги осетив придобивките од практичната задача. Сега се чувствувам како да се ослободив од огромен терет и тоа ме прави среќен.

Се олеснив од некои постапки кои ги имав направено во минатото, мислев дека ги имам заборавено, но тие биле скриени длабоко во мојот ум. Научив што е етика и како се применува, што точно е морал и што значи да бидиш вистинољубив човек, исто така сфатив што е тоа што ми треба за да бидам чесен човек.

„Со завршување на курсот се осеќам како нов човек“.

Со завршување на курсот се осеќам како нов човек. Сега сум уште повеќе спремен да се борам во животот без алкохол, благодарение на оваа технологија сигурен сум дека ќе живеам среќен живот без алкохол. Осеќам дека со помош на Нарконон Балкан и луѓето кои ги запознав тука поставив цврсти темели за нов живот.

Студент на Нарконон Балкан - В.П.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА