Постигнување на Целите

Имам супер успеси од објектив вежбите. Најпрво осеќам поголема одговорност за работите околу мене, за мојот живот и за мојата фамилија. Имам некое прекрасно чувство на свесна единка и се осеќам полн со живот. Гледам што би можело да ми претставува потешкотии, порано бегав од работа и од обврски, кога моите ќе ми кажеа нешто јас не ги слушав, сега го немам тој проблем.
Сфатив дека одлуката која ја имам морам да ја следам и не смеам да дозволам било кој да ме измести од постигнувањето на моите цели. За време на објективите увидов дека потребна е борба за да ги постигнам моите цели. Многу битно е и тоа што кога двајца или повеќе лица имаат иста цел и се поддржуваат, постигнувањето на целта е полесно и успесите се поголеми.
Со правењето на објектив вежбите заклучив дека од мене е потребно да помагам во општеството и да правам добри дела. Со тоа побрзо и полесно го постигнувам посакуваниот резултат и емотивно сум исполнет. Јас сум среќен а исто среќна е и мојата фамилија.
Сакам да му се заблагодарам на супервизорите кои одвоија време да ми помогнат за да излезам како победник во оваа борба.
Студент на Нарконон Балкан—Б.И.