Повеќе ништо неможе да ме уништи

(Слика од Vera Petrunina/Shutterstock.com)

Како што започнувавме со вежбата правев се што е можно за да избегам од неа, односно да избегам од фактот дека до сега не сум била способна да отфрлам непотребни работи од животот, односно околината. Одеднаш целата бура се расчисти и го реализирав проблемот од неговиот корен па до плодот.

Коренот на моето дрогирање беше неспособноста да отфрлам грозен човек од животот, со целото тоа не—соочување (како стебло), излезе плод наркоманија. Со оваа способност, преку комуникација со околината, да можам да отфрлам луѓе, ситуации и слично кои ми се непотребни, не постои корен, ни стебло, ниту пак плод на моето самоуништување.

Со секој објектив по малку црпев од ова, но никогаш не ми беше скроз јасно, повеќе немам никаква желба да се самоуништувам заради тоа што повеќе ништо не ме уништува и мачи духовно.

И.К.—Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА