Повторно ми се врати Желбата за Живот

Нарконон – Балкан

Пред многу години имав пробано хероин и од тогаш започна мојот ужас и пекол. 8 години мојот живот беше како мрак, мизерија и секојдневно тонев се повеќе и повеќе. Многу пати предходно пробував сам да ја надминам зависноста, но сето тоа беше како еден магичен круг во кој немаше крај.

Доброто е во тоа што имам прекрасна фамилија која што никогаш не се одкажа од мене и ми овозможи да ја започнам програмата на Нарконон. После 3 годишна самостојна борба решив да дојдам во Нарконон и да го правам програмот. Најпосле сватив дека неможам сам и дека ми е потребна помош. Решив конечно да го средам сопствениот живот и да го направам моето семејство среќно.

“Почнав повторно да се чуствувам како човечко битие. Сега сум многу посреќен и посвесен.”

Првите денови ми беше тешко неможев да јадам, имав ужасни болки и пет дена неможев да заспијам. Благодарение на витамините и минералите го надминав сето тоа. Од ден на ден чуствував како полека но сигурно се исправував и застанував на нозе. Почнаа повторно да ми се враќаат чувствата и емоциите. Почнав повторно да се чуствувам како човечко битие. Сега сум многу посреќен и посвесен. Едноставно повторно ми се врати желбата за живот и подобро утре.

Студент од Нарконон – Балкан Ѓ.Н.


(За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.)

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА