Пријатели и „Пријатели“

Уште еден убав ден и убава објектив вежба исполнета со преголеми победи и сфаќања за мојот долг и тежок живот со алкохол. Се здобив со уште поголеми способности и точно знам да се ориентирам во просторот и исто сум многу свесен за околината околу мене.
Во текот на правењето на вежбата се присетив на една порака која некогаш одамна сум ја прочитал во некоја книга: „Тој што мисли дека има многу пријатели – тој сигурно не ги разбира луѓето“. Во моментот кога го читав тоа си помислив дека тоа е само една обична глупост. Дури сега ја сфатив поентата. Си мислев дека сите ме сакаат и ме ценат па кога сопругата или некој близок пријател ќе ми речеше за некого: „Ти не го знаеш што човек е тој“ јас се нервирав и ги убедував дека не е така, дека тие се добри луѓе. Сега сфаќам дека сопругата и моите пријатели биле во право.
„Имало денови кога сум останувал без денар и ниту еден од тие ’пријатели‘ не се јавиле, освен тие неколку блиски – вистински пријатели.“
Фактички другите „пријатели“ ме искористуваа поради тоа што нон-стоп им ги плаќав пијачките, им ја давав колата и кога треба и кога не треба. А кога ја уништив колата во собраќајка и ќе побарав од некого добивав само оправдувања. Тогаш само семејството и блиските пријатели ми помо. Имало денови кога сум останувал без денар и ниту еден од тие „пријатели“ не се јавиле, освен тие неколку блиски – вистински пријатели. Секогаш кога ќе се дигнев на нозе знаејќи какви се јас повторно правев компромиси и се лажев самиот себе дека тие не се такви, дека не му се погодил денот и дека тие се добри луѓе. Денес со сигурност ставам крај на таквото дружење!
Студент на Нарконон Балкан – В.П.