Пријателите и Комуникацијата

Woman silhouette
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

Оваа објектив вежба за мене беше многу успешна поради тоа што видов дека навистина се менувам како личност. Во текот на вежбата осознав дека не е воопшто лесно да наоѓаш вистиснки пријатели. Повеќето луѓе сакаат само да седат, да пијат кафе и да прават празни муабети додека со вистиските пријатели поминатото време не е залудно, откако ќе поминеш кратко време со нив ќе се чувствуваш многу подобро. Често после дружење со вистински пријатели осеќам дека нешто на некој начин имам подобрено или имам научено нешто ново и корисно. А кога поминувам време со други луѓе кои имаат негативна енергија осеќам како ништо да не се случува и ништо да не се менува.

Во еден период од вежбата ги видов другите студенти како работат на своите курсеви и се сетив колку многу луѓе си го имаат спасено животот во оваа просторија и со тоа се осетив многу удобно. Добив желба да ја средам просторијата поради тоа што ја чувствувам како дел од мојот дом.

Најдоброто нешто од оваа вежба се случи пред самиот крај кога се сетив на мои роднини кои секогаш сум ги викала да се дружиме а тие ме избегавале. Веднаш почнував да ги осудувам мислејки „колку се само глупи“. Сега ја гледам причината поради што всушност тие не ме дружеле, јас ги правев да се чувствуваат непријатно во мое присуство со тоа што им зборував за ситуации од минатото кога јас сум била под дејство на дроги или на алкохол. И тука имав тенденции да го зборам истото, но сега забележувам дека повеќе од еден месец немам потреба да ги правам тие лоши комуникации, наместо тоа разговарам за позитивни нешта и споделувам идеи кои носат добро.

Студент од Нарконон – Балкан - Т.Ж.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА