Продолжувам Ослободен од зависноста

Narconon Balkan

Со завршување целосно на Нарконон Програмата дефинитивно се ослободив од зависноста. Станав добра и чесна личност која се грижи за себе, за своето семејство и за се што ме опкружува. Не велам дека е лесно после програмот, доаѓаат месечни сметки за подмирување и слично, а јас како паразит да седам и да чекам од моите родители уште да ми плаќаат нема да дозволам. Најдов работа и откако се вработив наидов на разни потешкотии, како на работа така и општо во животот.

„…јас едноставно сум над нив.“
Narconon Balkan

Користејки ги Вежбите за Обука од курсот Објективи успеав да ја одржам работата, без разлика колку е тешко успеав да истраам. Слушнав разни вознемирувачки комуникации и видов разни вознемирувачки ситуации но, со мојата лична етика не дозволив да навлезам во тие работи и да си создадам дополнителни проблеми, јас едноставно сум над нив.

Сватив дека никој околу мене нема појма како треба правилно да се живее па полека полека настојувам да ги вразумам и гледам да им помагам на луѓето околу мене поради што само така можам да ги задржам околу мене. Животот се состои од справувања на некои работи и луѓе. Со некои луѓе тоа оди побрзо но со некои луѓе ќе треба стварно да се испотиш и да вложиш време. Како и да е јас сум среќен што го имам цело ова знаење и сите способности кои се неопходни за човек како мене да опстани и јас опстанувам и сум задоволен од себеси како го правам ова. Голем поздрав до Нарконон Балкан и ви се заблагодарувам на сите таму!

Дипломец на Нарконон Програмата – Г.З.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА