Конечно сум потполно сигурна во себе!

Дипломец на Нарконон програмата - Т.Ж.
Дипломец на Нарконон програмата - Т.Ж.

Не ми се верува дека ова ми е последната приказна за успех и незнам како да ги набројам сите мои успеси, победи и придобивки. Кога дојдов во Нарконон Балкан бев тотално неспособна, несигурна во секој мој потег и целосно уплашена, едноставно имав заборавено како да функционирам нормално и не ги перцепирав работите такви какви што се. Во секој дел од програмата ми се враќаше свеста малку по малку и со секој поминат чекор си мислев: „Ова е тоа што ми требаше за да го оттргнам вниманието целосно од минатото и од дрогите.“

Завршив со Детокскикацијата Нов Живот и се осетив како нова личност, целата енергија ми се врати. Во периодот кога ги работев комуникациските вежби ја зголемив и мојата способност да бидам истрајна, способноста да имам намера без резервираност и ја подобрив мојата комуникација. Додека ги работев Објективите осеќав како се повеќе и повеќе ми се зголемуваше свеста, започнав да се ценам себеси и да се гледам себеси како добра личност и на овај дел започнав да имам поголема самодоверба.

На првиот курс од делот Вештини за Живеењето, точно препознав поради која личност присутна во мојот живот јас посегнав по хероин и кои личности едноставно ме туркале надолу цело време пред да почнам да земам дроги. Исто на овај курс ги научив и карактеристиките на ваквите луѓе, па сега сум сигурна дека нема да ја повторам истата грешка како претходно. Вториот курс беше многу важен бидејки едноставно ме ослободи од минатото, осетив како црните облаци кои ме демнеа исчезнуваат и наместо нив се појавува ведро небо. Со третиот курс научив да распознаам во каква состојба се наоѓам и како да дојдам до подобра состојба без разлика за која област од мојот живот станува збор.

Денес се осеќам потполно сигурна, постанав доверлива и искрена личност и повеќе не сум уплашена како што знаев да бидам претходно.

Дипломец на Нарконон програмата - Т.Ж.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА