Програма која ме промени целосно 

Нарконон Балкан
(Слика од buketaltindal/Shutterstock.com)
 

Најпрво сакам да се заблагодарам на мојата мајка, на целиот персонал во Нарконон Балкан затоа што ми го спасија животот и повторно можам да ги видам вистинските работи во мојот живот! Програмата ме промени целосно и ме изгради како човек со цврст карактер, идеали и цели во мојот живот. Сите способности кои сум ги имал предходно ми се вратени на едно многу повисоко ниво, трпение, разбирање, чувства, емоции, контрола и се она друго што го имав изгубено во текот на лошиот начин на живот со дрога ! Целосната борба беше моја а поддршката од персоналот и алатките кои ми ги дадоа ме стабилизираа во сегашноста без да гледам зад мене и за тоа што се случило. Секој чекор од програмата го направив стандардно и го зедов максимумот. Си ја открив причината која ме терала да посегнувам по дроги, си ги соочив сите грешки и си ги признав сам на себе. Научив да бидам етичен човек кој може да справи секакви ситуации во иднина.

„Моето тело е во завидна форма, комуникацијата ја подобрив максимално и се стекнав со способност да можам да донесувам разумни одлуки за мојот живот.“

Моето тело е во завидна форма, комуникацијата ја подобрив максимално и се стекнав со способност да можам да донесувам разумни одлуки за мојот живот. Почнав да ги препознавам луѓето кои треба да бидат во моја близина, се чувствувам ментално и физички перфектно. Прво сум чесен пред себе а потоа пред сите други, немам повеќе стравови и сомнежи за моите цели. Минатото повеќе не ме малтретира и не се осеќам како во кафез, сега сум птица која лета и само небото му е граница. Благодарение на целиот тим на Нарконон почнав да гледам реално на сегашноста и на тоа што ме опкужува и го живеам секој момент со полни гради !!

Д.Р. Дипломец на Нарконон Балкан


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА