Променување на Начинот на Живот

Narconon Balkan
(Слика од redhare.eu/Shutterstock.com)
 

Пред да дојдам во Нарконон немав никаква смисла за животот, бев полн со негативна енергија, имав проблеми со фамилијата, проблеми во бракот и проблеми со другарите. Едноставно не ми се живееше.

Успеав да дојдам во Нарконон и во првиот чекор ги поминав кризите. Потоа бев на чекорот Детоксикација каде што го исчистив телото од токсините што сум ги внесил во мене со земањето на дроги и алкохол, на овај чекор секојдневно пиев големо количество витамини и минерали.

Откако завршив со детоксикацијата го започнав курсот Објективи и од првите вежби ја подобрив комуникацијата и го подобрив моето трпение. Со помош на објективните процеси успеав да се вратам целосно во живот и конечно се почувствував присутен во сегашноста. Имав разни победи и сознанија, едноставно се преродив.

„Имав разни победи и сознанија,
едноставно се преродив.“

Со помош на курсот Надминување на Нестабилноста во Животот научив како вистински да воочам кои луѓе ми се пријатели а кои луѓе се преправаат дека ми се пријатели. Научив како да ги препознавам луѓето во мојата околина и едноставно ги отворив очите. Со курсот Лични Вредности видов кои злобни работи сум ги имал напраено према себе, према семејството и према сите останати, сум бил несвесен за тоа, но тука успеав да ги соочам тие работи и откако го завршив тоа почувствував како голема тежина да се ослободи од мене, после тоа ми се смири и сонот и имам мир. Со помош на последниот курс Менување на Состојбите во Животот почнав да ги менувам моите стари навики кои што сум ги имал некогаш, го променувам лошото однесување и го променувам начинот на живот.

Студент на Нарконон Балкан – Ѓ.Н.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА