Првиот чекор кон успех - Одвикнување Без Употреба на Дроги

Првиот чекор кон успех - Одвикнување Без Употреба на Дроги
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

Првиот ден кога дојдов во овај центар бев малку скептичен, ми изгледаше нереално дека оваа програма навистина може да ми помогне.

Првите три дена немав никакви потешкотии, но потоа ми стана тешко, неможев да спијам навечер, имав немир во себе, бев нервозен и мислев дека ова нема да има крај. Со помош на специјалистите, асистите, вежбите и витамините успеав да го надминам сето тоа. Се уверив дека овој програм ми помага и полека како што изминуваа деновите почнав редовно да спијам, имав енергија да правам се повќе и повеќе вежби и почувствував уште поголеми придобивки од нив.

Потоа почна да ми се враќа апетитот, сега конечно можам нормално да јадам. Навечер кога ќе си легнам можам мирно да спијам без никаква потешкотија. Откако ја направив вежбата „биди таму“ почувствував едно огромно олеснување и се почувствував многу постабилен. Неможев да си поверувам колку само позитивни промени предизвика првиот дел од програмата кај мене.

„Чекор по чекор се вратив во нормала и со завршувањето на делот на Одвикнување без употреба на дроги се осетив како силна, моќна и постабилна личност.“

Чекор по чекор се вратив во нормала и со завршувањето на делот на Одвикнување без употреба на дроги се осетив како силна, моќна и постабилна личност. Ова е една огромна победа кај мене и ова е почетокот на мојот „drug free“ живот. Со нетрпение чекам да започнам со наредните чекори од програмата на Нарконон–Балкан.

Студент на Нарконон Балкан - Г.Т.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА