Ризици, Ефекти и Фази на зависноста од Хероин

Што е хероинот?

дрога

Хероинот е тежок опијат, класа на дроги што се прави од природни деривати од растенија од семејството булки, или од синтетички супститути. Хероинот се произведува од морфиум, природна супстанца која може да се најде во шишарките од растенијата. Се прима со инјектирање, шмркање или пушење, и сите три начини можат да развијат високо ниво на зависност, како и сериозни здравствени проблеми.

Ризици

Хероинот влегува во мозокот набрзина, и го прави особено зависен. Проценето е дека речиси една четвртина од луѓето кои пробале хероин стануваат зависни. После некое време, корисниците на хероин развиваат толеранција, односно потребно им е повеќе и повеќе од дрогата за да ги постигнат истите резултати.

Многу е лесно не само да се стане зависен, туку и да се стане физички обврзан да се прима хероин.

Физичката зависност

се појавува кога телото се адаптира на присуството на дрогата, и се појавува сериозна болка (болка во мусулите и коските, дијареа и повраќање) кога телото нема примено дрога. Хроничните корисници се соочуваат со оваа болка само неколку часа после примањето на дрогата.

Хероинот врши супресија на дишењето, поради што користењето на хероин носи ризик од предозирање и смрт. Исто така, корисниците на хероин често немаат доволен доток на крв. Ова лесно може да предизвика згрутчување на крвта која патува до белите дробови, црниот дроб, срцето или мозокот, што е инстантно фатално.

Краткотрајни ефекти на хероинот

Краткотрајните ефекти кои ги предизвикува хероинот се оние симптоми кои се појавуваат кратко после примањето на дрогата. Иницијалните еуфорични ефекти на хероинот прават корисникот да се чувствува безгрижен, релаксиран и некоординиран, со доза на топлина и благосостојба. И покрај тоа што овие еуфорични ефекти се чини дека претставуваат задоволство, има многу негативни краткотрајни ефекти кои го прават хероинот опасен и смртоносен.

Краткотрајни ефекти: еуфорија, поспаност, сува уста, чешање, стеснати зеници, вртоглавица, лошење, повраќање, забавена ментална функција, намалена физичка болка, топла и зацрвенета кожа, слабост во мускулите, забавено дишење, предозирање или/и смрт.

Долготрајни ефекти на хероинот

дрога

Еден од најтешките долготрајни симптоми на хероинот е самата зависност. Потоа се појавуваат лажењето, крадењето, финансиските проблеми и физичката потреба од оваа дрога.

Долготрајни ефекти:зависност, бактеријални инфекции на срцето и белите дробови, инфективни болести како ХИВ/СИДА и хепатит Ц и Б, абсцеси, слабеење, запек, артритис и други ревматски проблеми, проширени вени, намалена ментална функција, болести на црниот дроб и бубрезите, предозирање и/или смрт.

Фази на зависноста од хероин

Фаза 1

– Експериментирање – Личноста експериментира со разни дроги, и преку пресија од друг или само чиста љубопитност, личноста повремено може да прима хероин.

Фаза 2

– Иницијација – Личноста има иницијации да прима хероин интравенозно. Првиот пат е често придружуван од лошењето кое резултира со повраќање. Сепак, чувството на олеснетост е многу задоволително. Дрогата се инјектира и корисникот развива потреба од хероинот и станува зависен.

Фаза 3

– Приврзување – Корисникот е сега зависник и почнува да ја користи дрогата регуларно започнува да се поврзува со корисници на хероин. Тој зема хероин во секое можно време, сам или околу други. Зависникот сега зема хероин заради превенција од негативните ефекти кои ги дава телото. Врските, работата и здравјето почнуваат да патат. Зависникот започнува да пати финансиски откако почнува да троши многу пари на редовна употреба на хероин.

Фаза 4 

– Нефункционалност – Животот на зависникот од хероин сега се состои од крадење, лажење и редовно дрогирање. Тој веќе не може да задржи никаква работа и губи контакт со семејството и оние кои не користат хероин. Корисникот може да се соочи со неколку епизоди на предозирање, и да биде многу близу до смртта, да биде хоспитализиран или уапсен. Може да има потреба од минимално лекување, кое најверојатно ќе биде неуспешно и ќе се откаже.

Фаза 5 

Рехабилитација – Ако не дојде до фатално предозирање, зависникот евентуално ќе побара долготрајна рехабилитација и ќе се труди најмногу што може за да се ослободи од зависноста од хероин.


Извор:

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА