Ризици од возење под дејство на Алкохол

Алкохол

Консумирањето алкохол, дури и во релативно мали количини, го зголемува ризикот од учество во сообраќајна незгода. Токму затоа, секое седнување зад воланот после конзумирање алкохол, без разлика дали е тоа автомобил, камион, мотор или друго моторно возило - претставува сериозен криминал.

Зголеменото ниво алкохол во крвта се поврзува и со зголемување на сериозноста на повредите од сообраќајна незгода. Ова е посебно изразено кај фаталните сообраќајни незгоди. Имено , возач кој е под дејство на алкохол има 17 пати поголем ризик да предизвика сообраќајна незгода со фатални последици во споредба со возач кој не е под дејство на алкохол.

Управување моторно возило под дејство на алкохол е една од водечките причина за предизвикување собраќајни незгоид со фатални последици во Република Македонија и во светот. Сите оние кои сметаат дека е “океј” да имаат испиено неколку пијачки пред да седнат зад воланот ги потсетуваме дека вреди да се размисли пред да направат нешто непромислено бидејќи утрешниот ден носи нешто ново и поубаво.

Алкохолот е ризик-фактор и за безбедноста на пешаците во сообраќајот. Една англиска студија покажува дека 48% од пешаците кои го загубиле животот во сообраќајни незгоди биле под дејство на алкохол. Во Република Македонија не постои прецизна статистика, но значаен дел од настраданите пешаци во сообраќајни незгоди биле под дејство на алкохол.

Ризикот за учество во сообраќајна незгода со фатални последици е за 4 пати повисок кај возачите на мотоцикл и велосипед, во однос на останатите возачи, покажуваат студии направени од релевантни организации.


Пред да посегнете по чашката, сетете се на овие факти за алкохолот и возењето:

  • Алкохолот ги намалува возаќките вештини: ги нарушува моторните способности, ја намалува визулната острина, ја искривува сликата за околината и го нарушува слухот.
  • Алкохолот делува како депресант на целиот нервен систем. Тоа може значително да ја наруши навремената реакција и рационалното пресудување во одредена ситуација.
  • Алкохолот може да предизвика сообраќајни и други незгоди со смртни последици. Бројот на повредени лица кои биле под дејство на алкохол, во 2016 година изнесув 479, а бројот на загинати лица изнесува 14.
  • Алкохолот ве прави агресивни во сообраќајот.
  • Алкохолот предизвикува грижа на совест, ако поради него настрада невина жртва. Во сообраќајот не сте сами, имајте го тоа во предвид.

Помислата “вчера пиев и возев и пак стигнав безбедно дома” заборавете ја. Не стигнавте безбедно дома, само имавте среќа да стигнете дома. 1.3 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни незгоди.


Извадок од брошура од Републички совет за безбедност на сообраќајот #МладостБезЛудост


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА