Сега сум вистински дел од опшеството

Во изминатите 5 години дејствував како лице кое воопшто не води никаква грижа за себеси ниту пак за опшеството во кое бев “член”. Моите погледи во однос на опшеството беа насочени само кон искористување, манипулација, лажење, улични превари и наоѓање нови почетници на кои можев да дејствувам со старите финти за личен ќар. Бев голем штетник за себеси и за луѓето во опшеството. Правев работи кои тогаш ми беа забавни, а доликуваат на еден криминалец. Купував и продавав дрога, крадев, ги лажев луѓето, ги потиснував и омаловажував, гледав само за себеси, луѓето околу мене не ми беа ни малку важни.

Narconon Balkan
(Слика од www.pexels.com)

Видов дека со ова темпо би завршил во затвор или би умрел, па затоа побарав решение. Откако си го исчистив телото и се едуцирав во однос на умот, во текот на програмата видов колку е убав животот и дека околу мене има луѓе кои припаѓаат и постојат во опшеството и дека не сум сам, дека без луѓето во опшеството не би можело ништо да функционира, а ниту пак јас како дел од него. Почнав да ги гледам луѓето со пријателски очи кои се спремни да помогнат во секое време. Ги спречувам луѓето кои одат против моралниот кодекс бидејки тоа наштетува на сите нас. Ги поддржувам луѓето кои помагаат и кои имаат цел да го спасат и издигнат опшеството на повисоко ниво.

Сега јас се исправив на прав пат, и повеќе од тоа, ги засакав луѓето, станав хуманитарен и човек кој се жртвува за да придонесе повеќе за секој член од опшетвото, и сега со сигурност можам да кажам дека и ЈАС сум дел од него.

Д.Т.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА