За да опстанам треба да бидам чесен

Откако желбата за дрога е засекогаш отстранета и физичката страна од зависноста е искоренета, студентите кои се на програмата на на нарконон посветуваат внимание на причините поради кои лицето воопшто започнало да зема дрога. Тоа се прави преку практични задачи кои се дел од курсевите за вештини за живеењето со чијашто помош се всадуваат животните вештини кои му се потребни на поединецот за да успее. Следува приказна за успех на студент кој успешно заврши со курсот Лични Вредности.

Narconon Balkan
(Слика од www.pexels.com)

Со изучувањето на курсот Лични Вредности научив многу работи кои порано не сум ги знаел и сум бил далеку од нив. Научив дека за да опстанам треба да си ја подобрам етиката, да го следам моралниот кодекс и да постанам чесен. Откако го совладав сето ова, го разбрав и надминав, моето однесување се промени кон позитивна насока. Размислував што комуницирам за да не повредам некој, постанав чесен и праведен и знам дека морам да правам добри акции и постапки, бидејќи ги увидов лошите со испишување на штетните постапки кои сум ги правел претходно и сега знам дека тие постапки можат да ме доведат до дното во животот.

Со примената на овие работи што ги изучив на овој курс заедно со двете правила за среќен живот, ќе имам победи и успеси кои ќе ме прават среќен и задоволен човек.

Д.Т.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА