Сфатив зошто сум бегал од реалноста

Од овој курс научив работи кои ќе ги применувам во животот и ќе ми бидат од голема корист. Научив дека со антисоцијалните луѓе во мојот живот треба да расчистам и да не сум повеќе во комуникација со нив бидејќи можат да ми наштетат. Тоа и го направив со луѓето околу мене кои се антисоцијални.
Сфатив дека поради една личност во мојот живот која е антисоцијална сум паднал во дроги и сум бегал од реалноста.
Научив дека со социјалните личности можам да бидам во добра комуникација и да ги корегирам доколку имаат некоја лоша карактеристика, за да бидат уште подобри личности. Кога ги направив справувањата со личностите околу мене, некако се почувствував полесно и поубаво. Сега знам како да го применувам тоа и да ги анализирам личностите на кои наидувам во животот, за да ги имам правите и вистински луѓе околу мене.
Д.Т.—Студент во Нарконон Балкан
За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.