Трајни придобивки

Man enjoying sunset at the beach.

Објективите ги правев тотално опуштено, со голема волност и ги добив резултатите кои ме спроведуваат понатаму во мојот живот. Станав волен за секаква акција, желбата за да помагам на луѓето ми се зголеми, станав повеќе свесен за мене лично и за се што ме опкружува наоколу. Се чувствувам смирен и спокоен бидејќи знам што здобив и тоа ќе го применувам за да имам убав и нормален живот. Сфатив дека треба да бидам чесен и искрен за да немам никаква грижа на совест и луѓето околу мене да бидат спокојни и да ми веруваат. Кога ќе работам некоја работа да внимавам да не се повредам и да можам да ја завршам упсешно. Разбрав дека само со комуникација можам да ги решавам работите, а не да ги држам во мене туку да ги споделувам. Сега знам што е исправно, а што погрешно и со мојот личен интегритет нема да потпаѓам под туѓи деструктивни влијаниа. Ќе ги правам само работите кои се реални за мене, за да можат да дојдат до краен резултат. Знам дека ќе се грижам за моето тело бидејќи тоа ме прави свеж и полн со живот. Ќе се грижам за моите предмети за да можам да ги зачувам. Ќе ги анализирам и ќе ги извршувам работите кои се корисни односно конструктивни, а на деструктивните можам само да се насмеам и да кажам дека тоа нема шанси да се случи.

“Станав свесен дека треба со мои лични пари да си купувам облека и други работи, бидејќи повеќе не сум дете, туку човек способен да работи и да допринесува.”

Станав свесен дека треба со мои лични пари да си купувам облека и други работи, бидејќи повеќе не сум дете, туку човек способен да работи и да допринесува.

Треба да си ги донесувам сам одлуките во животот, бидејќи тоа што е моја одлука јас го сакам и во тоа ќе бидам упешен и со љубов ќе го правам. Во конфликти со луѓето повеќе нема да влегувам, затоа што од такви работи има само лоши последици. Ќе си го исполнувам слободното време со работи што ги сакам за да не запаѓам во досада бидејќи досадата ме довела до лоши работи во животот.

Овие победи засекогаш ќе останат применувани во мојот живот, бидејќи знам како беше претходно, а како е сега, и дека навистина победив.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА