Со чисто тело и бистар ум до достигнување на целта!

Како последен чекор на програмата време е да се врати личноста во нормала, а и секоја област од животот која била погодена од зависноста. Овој курс помага да се поправи штетата која што се предизвикала во својот живот, личните односи, сопственостите, работата. Иако можеби на прв поглед не изгледа така, штетата може да се поправи. Во овој курс се дадени формули кои функционираат и кои можат да помогнат да се донесе животот во ред и да се започне на работите со цел постигнување на подобра иднина.

Narconon Balkan
(Слика од www.pexels.com)

“Со изучување на курсевите се пронајдов самиот себе и научив како да се справам со секоја препрека во животот. Научив како да се одржувам во состојбата во која сум сега ослободен од дрога и да функционирам како нормален човек кој придонесува за самиот себе и за сите околу него. Со труд и напорна работа ја достигнав целта за да бидам човек кој ќе се гордее со самиот себе знаејќи каков сум бил предходно, а каков сум сега.

Искреноста и чесноста кој ги имам сега ми даваат спокој бидејќи знам дека совеста ми е чиста. Знам кој луѓе припаѓаат и заслужуваат да бидат покрај мене и научив да ги избирам правите луѓе за пријателство.

Со чисто тело и бистар ум можам да ја достигнам целта применувајќи ги работите кој ги изучив, но најпрво треба да ја одржам состојбата на нормално дејствување како што сум сега бидејки состојбата за мене претставува како кров на куќа, затоа што се што изградив до денес треба да се заштити и одржува за да може нормално да се дејствува и среќно да се живее.”

Д.Т.—Студент на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА