Соочувањето и моето внимание

Кога започнав да ја правам вежбата „Соочување“ имав бројни пречки кои ме попречуваа во работењето се додека не постигнав удобно да се чувствувам и целото внимание да ми биде насочено кон лицето со кое ја работев важбата. Имав голема замагленост во видот, често пати гледав потемно или пак гледав сиви бои. Исто така имаше моменти кога се случуваше да гледам дупло. Некогаш чувствував лошо чувство во стомакот, пулсирачки болки во палецот, струење во нозете и чувство на стегање на главата. Нешто што навистина одреден период ме попречуваше беше поспаноста. Некогаш лицето со кое работев ме потсетуваше на мој другар, па така вниманието ми бегаше во минатото. Некогаш чувствував досада и нервоза но тоа кратко траеше.

Вчерашната победа ми даде голема волја за да се фокусирам кон целта. „Биди Таму“ беше мојата алатка со која максимално се сконцентрирав, па со тек на време сите манифестации исчезнаа. Успеав удобно и со цело внимание долго време да го соочувам лицето пред мене.

Значи јасно го гледав, се чувствував удобно без да искусувам некакви попречувања од околината и без да искусувам некои физички или ментални непријатности. Вниманието ми беше целосно посветено во вежбата и во лицето со кое се соочував. Се чувствувам многу добро!

Студент во Нарконон Балкан - Г.С.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА