Создавање на внатрешен мир, сигурност, спокој и среќа

Немам зборови како да го опишам чувството на задоволство, исполнетост и среќа до кое ме доведоа Објективите, не ми се веруваше дека можам да дојдам до овој степен. Сега можам да истраам во акциите кој ги превземам, да истраам во комуникација со друго лице и да дојдам до посакуваната цел. Нервозата повеќе ја нема, како никогаш да ја немало. Преd да почнам со објективите покажував нервоза и на најмала ситница или доколку не беше нешто како што јас си го имав замислено. Сега знам како да си го организирам животот за да не се доведувам до бунило, нервоза и неистрајност. Сега можам да се организирам и да си поставам цели кои со правилен распоред би ги извршил на најлесен, најудобен и правилен начин.

Cemetery

Мојата свест сега е на многу високо ниво, сега можам да донесувам правилни одлуки и да размислувам за вистинските вредности во животот и со тоа да си го направам животот прекрасен како што секој би посакал да има.

Сега можам да примам наредби и да ги извршувам без тие да будат некаква нервоза или притисок во мене, а исто така можам да давам и правилни наредби или насоки со кои би помогнал на друго лице во одредени ситуации, a и мојата себичност ја нема повеќе.

Порано сакав да добијам одредени работи без да дадам ништо од себе, немав грижа на совест за луѓето околу мене и само сакав да ги постигнам моите мрачни цели без да размислувам дали ќе повредам некој или не.

Уште една битна работа за мене е тоа што можам да си ги признаам грешките самиот на себе и да не се лажам самиот себе, да се извинам кога ќе погрешам некоја работа, да не се срамам да прашам нешто доколку не ми е јасно, да немам комплекси за тоа каков сум и каков сум бил, да работам макотрпно на подобрување на моите вештини за подобрување на животот. Сега можам да кажам дека животот е најубав, а уште поубав е кога знаеме за кого треба да живееме, кога искрено ги сакаме своите најблиски и тие нас, кога сме искрени со нив, кога внесуваме доверба во нив и можат и сакаат да ни веруваат, кога гледаат пример во мене како треба да биде, а не како не треба да биде.

Животот е убав, а уште поубав е кога свесно создавам пријатна средина за своето семејство и внесувам позитивна енергија, чувство на сигурност, среќа, мир и спокој.

—Д.А. Студент на Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА