Сознанија за Семејството и Пријателите

Денес разбрав што е тоа вистинско другарство, колку е убаво да си помагаш со некого и да имаш вистински пријатели. Порано не помагав и немав осетено другарство од никого откако почнав да земам дроги, тој период се дружев само со луѓето со кои земав дрога. Сфаќам дека е многу добро за мене и ме прави посебно среќен кога на некого ќе му помогнам. Во минатото бев дел од таква околина каде што побрзо би му наштетил на некого отколку да му помогнам.

Денес разбрав и дека секој родител го мисли и сака најдоброто за своето дете. Во врска со моите родители јас го мислев спротивното, кога ми велеа да седам со нив и да работам јас бегав од нив и им велев дека не ме сакаат. Во тие моменти ако ги послушав до сега ќе имав обезбедено добро работно место и ќе си имав заработено добар автомобил. Тој период веќе започнував со дрога и одбрав да живеам сам со цел да имам повеќе слобода и да можам да земам дроги без моите родители да знаат за тоа. Свесен сум дека згрешив.

Порано сите нешта ги правев без волја. Учењето, работењето и останатите обврски ги правев со сила и не бев среќен поради тоа. Единствено нешто што сам сакав да го направам е да дојдам во Нарконон за да го решам проблемот со дрога. 

Студент на Нарконон Балкан - Ф.В. 

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА