Спремен за нов живот

Нов ден и нови победи. Денес стварно се чувствувам многу весело. Во текот на работењето на објектив вежбата добив многу сознанија и многу бизнис идеи, што за разлика од пред три месеци и некој да ми ги спомнеше овие идеи јас само ќе ги игнорирав поради тоа што немав сила а ниту пак волја за да направам нешто. Осеќам дека умот почна да ми работи како пред триесет години кога донесов одлука да заминам во Лондон, се осеќам дека што и да помислам ќе го остварам, без да размислам два пати.
Денес сфатив колку многу сум пропуштил во животот со пиењето на алкохол и затоа денес сум уште посигурен дека нема да го допрам уште еднаш. Уште не сум ни самиот свесен какви промени искусува моето тело и мојот ум за овој краток период. Никогаш не би поверувал дека вакво нешто можи да ми се случи.
„Сега сум спремен за нов живот во секој поглед и се осеќам како млад човек.“
Сега сум спремен за нов живот во секој поглед и се осеќам како млад човек. Од својата 15-та година бев под дејство на алкохол и уште еднаш ќе кажам дека најдоброто нешто што ми се случило во животот е тоа што го открив Нарконон и што се решив да дојдам за да го справам проблемот со зависност од алкохол.
Студент на Нарконон Балкан – В.П.