Среќата на моите најблиски – Мотивација за да продолжам

unsplash
(Слика од Helena Lopes/Unsplash.com)
 

Тоа што го научив на курсот Надминување на Нестабилноста во Животот направи да се надоградам уште повеќе, да ги препознавам особините на другите личности, да можам да ги забележам причините за нивното однесување и да ги видам намерите што ги имаат према мене и према другите.

Научив да направам разлика помеѓу социјална и антисоцијална личност. Секогаш треба прецизно да анализирам некоја личност со силни докази пред да донесам било каков заклучок за тоа каква е таа личност. Не треба да носам прерано заклучок бидејќи секоја личност во некој одреден момент може да изреагира погрешно, но тоа не значи дека таа личност е лоша.

Научив дека секогаш во животот ако се осеќам нестабилно, навреме треба да ги испитам луѓето во мојата околина, да го лоцирам причинителот на таа моја состојба и со справување или со прекинуање на контакт со тоа лице навреме да го спречам евентуалното мое пропаѓање и страдањето на блиските околу мене.

„Нивната среќа ми дава уште поголема мотивација да продолжам со ова што го правам. Ќе го продолжам мојот живот со моите блиски и сите нови личности прецизно ќе ги анализирам пред да им дозволам да навлезат во мојот живот.“

Личностите кои биле со мене и ми помагале ќе ги задржам во мојот живот и од потврдите што им ги дадов за убавите работи и што им се извинав за сите мои грешки осетив големо олеснување и позитивна енергија. Нивната среќа ми дава уште поголема мотивација да продолжам со ова што го правам. Ќе го продолжам мојот живот со моите блиски и сите нови личности прецизно ќе ги анализирам пред да им дозволам да навлезат во мојот живот. Таа грешка сум ја направил прв пат со личност на која и дозволив со години да го контролира мојот живот и да го направи да биде таков каков што беше пред да дојдам во Нарконон. Вториот пат кога дозволив ваква личност да ме заслепи со манипулирање почнав уште повеќе да тонам, среќа во несреќа е тоа што со неа го допрев дното и тогаш решив да превземам мерки за да го сменам мојот живот од корен.

Студент на Нарконон Балкан – Ј.Г.


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА