Среќен човек

Кога дојдов тука бев лице кое беше заглавено во светот на дрогата и очајот и темнината. Лице кое очајно сака да излезе од тој ужасен свет. Ја имав изгубено волјата за живот. Не знаев како е да се биде среќен. Не знаев ни што е тоа среќа.  Ниту знаев како да направам некој да биде среќен.

Нарконон Балкан

Во Нарконон Балкан дојдов за да се ослободам од светот на дрогата , но со трошка сомнеж за тоа, зашто мислев дека не е можно да има вистинско решение за тоа.

Кризите ги поминав лесно. Многу полесно од очекуваното.  Додека бев во апстиненција ги гледав другите студенти како се весели и се прашував дали и јас ќе бидам таков.

Почнав со следниот дел, вежби кои знаеја да ме насмеат, на моменти да ме изнервираат, но секогаш кога ќе поминев со некоја вежба бев среќен бидејќи сум направил нешто Сам. Ме обливаше прекрасно чувство. Со тие вежби научив повторно да комуницирам и да се контролира. 

Кога почнав со сауна не знаев што да очекувам , иако сите кажуваа дека тоа чувство не може да се опише со зборови. Така и беше. Го чистев телото и ги чувствував подобрувањата. Се чувствував како повторно да сум се родил, со енергија. Почнав да ја чувствувам храната што ја јадев. Се прашував дали е возможно ова и дали ќе трае

Си мислев се убаво - кратко трае. Но тоа уште трае и се зголемува.

Научив како вистински да учам. Следниот дел од Програмата беше воодушевувачки. Необјаснив со зборови. Го нарекуваат ОБЈЕКТИВИ.

Со овие вежби ми се отворија очите, како прв пат да прогледувам. Станав најсреќниот човек. Не ми се верува , ЈАС - СРЕЌЕН. Почна работата да ме прави среќен.

Марјан Цветаноски

ЈАС - СРЕЌЕН 

Ова место и Нарконон Програмата ме направија така да се чувствувам. Човек кој ја изгубил волјата за живот сега е среќен човек.

Марјан Цветаноски

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА