Среќен живот без алкохол

Благодарение на курсот Надминување на Нестабилноста во Животот ми се отворија нови погледи кон животот. Досега луѓето сум ги гледал ногу површно и преку емоции. Секогаш кога сум бил изигран или повреден од некого не сум можел да го справам. Тоа сум го чувал во себе и сум завршувал во алкохолизирана состојба па ден за ден проблемите стануваја побројни и поголеми.
Со овој курс научив како да ги анализирам луѓето и ако нешто ми смета одма да го справам на најкултурен начин и да го разрешам целосно без да се нервирам за тоа. Ова многу ќе ми помогни во работата и за луѓето кои ќе ми бидат колеги.
Најдобриот момент од целиот курс ми беше кога ги контактирав сопругата и синот, кога им дадов потврда за нивната поддршка која непрекинато ми ја даваат и им се извинав за тоа што сум ги нервирал и сум го бирал алкохолот пред нив. Им кажав дека ги сакам, дека ми се најголема мотивација за да прекинам со алкохолот и дека ќе продолжам да живеам со нив среќно. После телефонскиот повик осетив како голем камен да се ослободил од мене и како да добив некоја натприродна сила.
„Среќен сум што конечно научив да го одделам доброто од лошото и да продолжам да живеам среќно без алкохол.“
Најсреќен сум што дознав за Нарконон од пријател кој што е социјална личност, што воопшто дојдов да ја правам програмата на Нарконон. Заклучив дека без овие курсеви, без вработените и без другите студентите немаше да сменам ништо во мојот живот. Среќен сум што конечно научив да го одделам доброто од лошото и да продолжам да живеам среќно без алкохол.
Студент на Нарконон Балкан - В.П.