Анализирање личности од мојот живот - чекор поблиску до целта

Работејќи го курсот Надминување на Нестабилноста во Животот искусив доста добри победи и придобивки кои ќе ми служат понатаму. Научив како да ги распознавам и анализирам луѓето во мојата околина.

Од практичната задача научив доста доволно работи. Ги научив карактеристиките по кои можам да ги познаам луѓето, научив како да откријам кои луѓе се добри за мојот опстанок и како да постапувам со нив, а кои лоши и како да ги отфрлам. Гледам кога сум бил со некои луѓе не ми одело добро. Исто дознав дека некои луѓе треба да ги гледам по нивните постапки и акции во околината, како успеваат и дали работат чесно, бидејќи постојат луѓе кои носат маски во некои моменти.

Сега знам како вистински, со факти да одредам дали некој е корисен за мојот опстанок или не. Видов доста луѓе од мојот живот биле штетни за моето здравје и ги отфрлив затоа што мојата цел е олеснување и се борам за тоа да се сменам каркатерно, со овај курс тоа ми е полесно. На социјалните личности им дадов потврда за тоа што биле добри со мене и ќе го практикуавм ова и понатаму во животот.

Студент на Нарконон Балкан - Ф.В.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА