Технологија која ме изгради и ме направи горда и самоуверена

Неодамна завршив со програмата на Нарконон но гордо ќе се претставувам како студент на Нарконон, како што и цел живот ќе бидам. Додека работев на себеси имав прекрасни победи и не едно туку неколку преродувања. Но, враќајќи се во “реалниот” свет почнав да ги чувствувам сите тие победи и да ги гледам во акција. Својот роден град го гледам сосема поинаку како и бојата на небото на истиот. Сега во небото гледам радост и живот, а не барам спас.

Односот со луѓето ми стана лесен и нималку комплициран како што некогаш бил. Не сум истата наивна девојка која му верува на секое насмеано лице.

Понекогаш има падежи да, но сега знам да го одржам балансот и да го најдам разумното решение за секој проблем. Сакам да ги гледам блиските како одат нагоре и чувството е прекрасно, ги поттикнувам да прават добри дела и се трудам да им ја сопрам деструктивноста. Дури и кога не конзумирав не бев ваква личност, но со помош на технологијата на Нарконон постојам во една нова реалност во која вреди да се живее.

(Слика од www.pexels.com)

Стабилноста која прв пат ја почувствував додека бев на програмата е сега со мене и надвор никогаш не ме изневерила, присутна е во секој мој чекор и постапка, но најважно, стана дел од мојата личност.

Нема поголемо благодарам за да можам да им го кажам на лицата кои беа со мене во процесот, но и на технологијата која сега ме гради секој ден и ме прави горда и самоуверена во себеси.

Личност ослободена од дроги е најдобриот и најисполнетиот живот што една единка може да го има!

И.К.—Дипломец на Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА