Успехот лежи во добрите работи

Во почетокот не ги сваќав објективите сериозно и мислев дека се само едни обични вежби, но потоа почнав да чувствувам промени кај себеси. Најпрво почувствував како имам контрола врз сопственото тело и умот, а потоа ми се повратија и чувствата. Почувствував како почнував да станувам позаинтересиран за тоа што ме опкружува и да бидам поприсутен во сегашно време.

Слика од www.pexels.com

Увидов каде ми биле грешките од минатото и почнував да добивам добри идеи за како понатаму. Благодарение на тоа ми се зголеми самодовербата. Сватив дека треба правилно да размислам пред да направам нешто, а не што е најлесно или што мене најмногу ми одговара. Конечно ја победив конфузијата што ја имав во главата и ги победив сите оние механизми кои сум ги користел за да избегнам некоја одредена ситуација. Сватив дека со одбегнување на работите не добивам никаква корист, туку си правам уште поголеми проблеми и предизвикувам нервоза и напнатост, како кај себе така и кај другите.

Сватив дека секоја работа може да се корегира доколку се сака и дека со секоја лоша направена работа само си предизвикувам негативна енергија која уште повеќе ме уназадува наместо да ме унапредува. Не знаев, но сега знам дека успехот лежи во добрите работи. Тоа ме прави да се чувствувам уште поубаво и поисполнето.

Р.Ј. - Студент во Нарконон Балкан


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА