Вистината за Екстази

За жал, Екстази е една од најпопуларните дроги меѓу младите луѓе денес. Проценето е дека повеќе од 10 милиони луѓе ја пробале оваа дрога барем еднаш во животот – поголемиот број од нив се тинејџери и млади луѓе – од кои многумина станале редовни корисници и покрај тоа што се знае колку е опасно да се зема оваа дрога.

Кога Екстази ќе се измеша со алкохол таа станува екстремно опасна и, всушност, може да биде смртоносна. Постојат известувања за случаи на млади луѓе кои умреле уште по првото земање на Екстази. Толку е распространета штетата од оваа “конструирана дрога”, што несреќите во одделите за ургентни случаи нагло пораснаа на повеќе од 1.200 проценти откако Екстази стана “клубска дрога” во тискотеките и на “рејв” забавите кои траат цела ноќ.

Што е тоа Екстази?

Екстази е за прв пат произведена во 1912 година од фармацевтската компанија Мерк. Во нејзината првобитна форма Екстази била направена од метил-диоксиметамфетамин (МДМА), што е психоактивна дрога која ги има истите стимулативни особини како и метамфетаминот. Во 1953 година американската војска го користела МДМА кога правела тестови за психолошко војување, за потоа во 1960-те години повторно да се појави, но овај пат како психотераписхо лекарство за “намалување на инхибициите”. Дури во 1970-те години МДМА се појавил како дрога која се зема на забави.

До почетокот на 1980-те МДМА беше промовиран како, “најжешкото нешто во непрекинатата потрага по среќа со помош на хемија”, како и “дрогата што е ин” на многу викенд забави. Сеуште легален во 1984 година, МДМА се продавапе под заштитното име “Екстази”, се до 1985 година кога беше забранет заради безбедносни мерки.

Од крајот на 1980-те, Екстази стана сеопфатен “маркетинг” термин на дилерите на дрога кои продаваат дроги од “типот-Екстази”, кои всушност може да содржат малку или да не содржат МДМА. И додека самиот МДМА може да предизвика штетни негативни ефекти, она што денес се нарекува Екстази може да биде голема мешавина од супстанции – и тоа од МДА, МДЕ, ЛСД, кокаин, хероин, амфетамин, метамфетамин, па се до отров за глувци, кофеин, супстанции за чистење на кучиња од глисти итн. Покрај симпатичните симболи кои дилерите ги ставаат на апчињата, она што ја прави Екстази особено опасна и одговорна за многу смртни случаи на корисници кои ја пробале само еднаш е дека: корисникот навистина никогаш не знае што зема. Опасностите се зголемуваат кога корисниците ја зголемуваат дозата во претходно чувство на “хај”, без да знаат дека можеби земаат некоја сесема поинаква комбинација од дроги.

Дрогата Екстази е најчесто во форма на апче, но може и да се инјектира или земе на други начини. Течниот Екстази е всушност ГХБ (Гама Хидроксибутират), седативно средство за нервниот систем – супстанца која може да се најде и во средствата за чистење на одводи, разредувач за бои за подови или во раствори за отсранување на маснотии.

Екстази често се нарекува “љубовна таблета” затоа што ги подобрува перцепциите за боја и звук и наводно ја засилува чувствителноста при допирањето и галењето со некој друг, особено за време на секс.

Но Екстази честопати содржи халуциногени супстанции, што се дроги кои влијаат врз умот и предизвикуваат луѓето да гледаат или чувствуваат нешта кои не се постојат во моментот. Халуциногените супстанции прават збрка од сликите во умот и можат да го втурнат лицето во некоја слика на страшно или тажно искуство од минатото, во кое тоа може да заглави без да сфати што му се случува.

Имиџот на Екстази дека е “љубовна таблета” е една од многуте лаги што се шират за оваа дрога. Екстази е дрога која е штетна за емоциите, па нејзините корисници честопати страдаат од депресија, конфузија, силна анксиозност, параноја, психотични кризи и други психолошки проблеми.

Последиците од користењето на Екстази

Екстази ги придушува природните алармни сигнали што ви ги испраќа телото. Како резултат на тоа, откога ќе се земе дрогата, лицето што ја земало ризикува да ги пречекори своите физичи ограничувања и издржливост. На пример едно лице кое земало Екстази може да не почувствува дека телото му е презагреано и може да падне во бессознание, па дури и да умре од топлотен удар.

Едно проучување на Центарот за социјално истражување при Универзитетот во Тексас откри дека долготрајните ефекти на дрогата Екстази за кои најчесто се известува се нарушена способност за концентрација и депресија. Исто така, истражувачите откриле и дека постојано користење на Екстази резултира во нарушување на сонот и расположението, анксиозност, вознемирувања, треперења и грчења и проблеми со меморијата.


Извор: 


АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА