Волја и сила да се борам за тоа што го сакам

Стабилноста во сегашно време е многу важен фактор при рехабилитацијата од дрога. Вниманието на човек може буквално да биде заглавено во илјадници различни моменти од минатото. Неговото однесување и неговите ставови се под влијание на таквите искуства од минатото. Со толку многу внимание насочено кон своето минато, на поединецот му останува многу малку внимание или воопшто никакво внимание за сегашноста.

Целта на објективите е да се извлече лицето од минатото и да се донесе во сегашноста, со подготвеност и способност да се соочи со животот без да прибегне кон дрога.


 објективите
“Нарконон ми ја врати самодовербата и желбата да водам нормален живот.”

Презадоволен сум од Објективите, дојдов во состојба за која што мислев дека никогаш повеќе нема да бидам. Подобро се запознав самиот себе, имам поголемо разбирање пред се за мене после и за се што ме опкружува. Многу способности што сум ги изгубил ми се вратија и многу ми е битно што имам желба да учам и да осознавам нови работи. 
Сега имам волја и сила да се борам за тоа што го сакам и да ги совладам сите препреки кои стојат меѓу мене и мојата цел. Добив многу зголемено ниво на свест за многу грешки што сум ги направил, сфатив зошто сум постапувал така и увидов многу работи што ќе ги применувам во иднина за да ми биди полесно на мене и на сите што ми се битни. 
Нарконон ми ја врати самодовербата и желбата да водам нормален живот.”

Студент на Нарконон Балкан – И.А. 

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА