Животот е прекрасен

Photo by pexels.com
 

Веќе помина толку долго време откако ја завршив програмата во Нарконон, што мојот живот пред тоа сега ми изгледа нереален. Како тоа да не бил мој живот.

Веројатно како и многу други зависници од алкохол, бев заглавен. Секој момент во секој ден мислев на него. Чудовиште кое не може да се победи. Можеби и понекогаш ќе успеав да го победам, но само на кратки моменти. Неколку дена, неколку недели, но не подолго од еден месец. Секогаш се враќав на него. Мислев дека сум единствениот кој денот го започнува со алкохол. Пиев во текот на целиот ден, од сабајле до вечер. Немаше разлика дали е работен ден или викенд. Дали е вечерно дружење со другари или во играта со синот. Многу работи, како и на секое друго човечко битие ми беа битни, но алкохолот ми беше најбитен. Чудно нели? Би рекол морничаво.

Да расчистиме една работа уште од старт. Алкохолот е отров. Точка. Не постои, она ... „добар е за циркулација“, „да се згрееш“ или па уште полошо „ми помага да се опуштам“. За сите работи за кои мислите дека ви помага, одговорот е едноставен. Не помага. Само ве уништува.

Како почнав со зависноста или зошто паднав толку ниско, не е ни важно. Секој зависник има своја тажна приказна. Но ниту еден нема да може точно да ви каже кога и зошто ја изгубил контролата над неа. Важно е што сé имав ставено на коцка. Oдносите со родителот, браќата, синот, кариера градена 15 години, односи со другарите, репутација... Се разбира и здравјето, ментално и физичко. Бракот веќе ми беше распаднат. На крајот на краиштата не се ни сомневам дека животот ми беше загрозен. Бегав, се криев, не можев самиот себеси да се поднесам.

За Нарконон дознав од една блиска личност. Не ни размислував дали да ја започнам програмата. Веројатно го знаете она чувство „дај ми било што, вака повеќе не може“. За некое чудо, во Македонија има таква програма, која во светски рамки дава најдобри резултати. Направив „простор“ во професионалниот живот, бидејќи програмата трае неколку месеци и заминав за Конопиште.

Неколку години по завршувањето на програмата, мојата состојба е неверојатно променета. Имам напредок и успеси на сите полиња. Дури остварив некои работи, за кои не би ни помислил дека се возможни да се остварат пред програмата. Подобрувањата се на апсолутно секое поле во мојот живот. Не постои ниту една единствена работа која сега не е значајно подобра од претходно, без разлика колку би изгледала битна или тривијална.

Целосно сум присутен во живото на мојот син. Ако на некого човек му е потребен, тоа се неговите деца. Се борам за него. Му помагам да се снајде со неговите животни предизвици. Заедно го правиме сето она кое важно за здрав развој на едно дете. Од разбирање на неговите проблеми, убаво комуницирање, учење, читање, прошетки, одмори, прослави. Многу често добивам коментари од страна „браво колку внимание му посветуваш...“.

Кога е во лоша состојба, веројатно членовите на семејството емотивно повеќе страдаат од самиот човек. Развив здрав однос со мојот родител и со моите браќа. Сега сум многу повеќе присутен во нивните животи, но и тие во мојот. Имам разбирање за сите нив. Се вратив, вистински, во социјализацијата со другарите и пријателите. Уживам во времето поминато во дружење со нив. Нема повеќе расправии, тажни или стресни теми за разговор. Со вистинските пријатели секогаш е убаво.

Се разбира дека и јас самиот имам огромни придобивки. Физички, ментално, емотивно и интелектуално сум во подобар од било кога претходно. Исклучително е тешко нешто да ме „измести“. Способен сум да се справам со сите проблеми кои ми доаѓаат на патот. Од финансиски аспект, состојбата е неверојатна. Дури и во година помината во економски пад поради КОВИД-19, мојата фирма ја имаше најуспешната година во своето постоење. Јас, пак, за еден месец заработувам повеќе отколку што сум заработувал во четири до пет месеци претходно. И секако, најбитно е како се чувствува еден човек. Сега, после неколку години од завршувањето на програмата во Нарконон, уживам во мојот живот. Среќен сум со тоа што сум. Како кога ќе прашате мало дете и тоа ќе ви одговори „Убаво ми е“. Тоа чувство го имам секој ден.

Дали животот ми е без предизвици? Не. Каде би била забавата со таков живот? Разбрав дека предизвиците секогаш ќе постојат. Но, затоа и постои и задоволството кога ќе ги надминете. Сега, кога ќе се погледнам наназад неколку години, заклучувам „WOW! Каде бев, а каде сум сега... Каде па дури можам да бидам за неколку години?“. Го живеам мојот живот, затоа што животот е прекрасен. Затоа што е многу поубав од животот поминат во зависности. И затоа што ја имаме шансата прекрасните луѓе од Нарконон Балкан да ни помогнат кога сме фатиле по лошиот пат.

Дипломец на Нарконон Балкан – Р.Н.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА