Животот е премногу убав кога си ослободен од дроги

Successful man — Silohuette

За неполн еден месец функционирајки надвор од центарот како човек ослободен од дроги видов дека животот е премногу убав. Првите неколку дена ми беа тешки, поминувајки покрај местата каде што сум земал дрога во минатото имав неудобно чувство и постојано се вртев и гледав што се случува таму. По неколку дена тоа неудобно чувство исчезна, едноставно не ме допираше ништо, бркајки си ја мојата работи и следејки си ја мојата цел, не ми ни текнува да погледнам на тие места.

За мене во минатото беше речиси невозможно да седам дома, бев научен постојано да сум излезен каде и да е само да не сум дома, сега гледам дека седејки дома и поминувајки го времето со моето семејство ме исполнува и не ме паѓа во досада. Заинтересирано ја правам секоја работа и досадата која ми беше најголем проблем и најголема грижа едноставно ја нема, си го исполнувам времето паметно и по моја желба. Сите случки кои ги доживеав за овај месеци ми остаана во сеќавање без да пропуштам нешто или да заборавам. Луѓето кои порано ми беше срам да ги погледнам во очи и не сум комуницирал со нив поради мојот проблем со дрога, денес ме почитуваат како вистински човек кој донел правилна одлука во животот.

“Интегритетот ми е на високо ниво бидејки се справив со сите мои лажни пријатели кои сакаат пак да ме повлечат кон дното – се осетив моќно и цврсто.”

Интегритетот ми е на високо ниво бидејки се справив со сите мои лажни пријатели кои сакаат пак да ме повлечат кон дното – се осетив моќно и цврсто. Функционирајки нормално и спиејки мирно без никакви проблеми, за мене претставува вистински живот. Животот е премногу убав ако го живееш правилно. Животот е премногу убав ако го живееш правилно.

Дипломец на Нарконон Програмата - Д.Т.

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА