Амфетамин и депресија

Бев многу депресивна и депресијата си ја “лечев“ со амфетамин. Се навлеков на амфетамин. Навлечи се на 2-3г амфетамин на ден и после нагло прекини па ќе видиш што е депресија.

Седам на кревет у депресија и мислам како да најдам пари за да можам секој ден да си купувам по 50г амфетамин и да немам проблем со пари.

Да земам кредит и да си купам 500г амфетамин…?

Не може кредит затоа што не работам.

Да се вработам и да земам кредит…?

Треба да помине некој периот дури да можам да земам кредит, а не ми се чека. Плус со обична работа ќе треба да работам 2 години за да си го платам амфетаминот за 3 месеци. 19 месеци да не правам ништо за 3 месеци да земам. Плус тоа што ќе треба да бидам 8 часа на работа и не ќе можам да шмркам. Плус што ќе треба да враќам пари за кредит за амфетамин кој веќе го имам ишмркано….

Мислам што да правам и сваќам дека ми требаат милион долари. Со милион долари секој ден ќе можам да шмркам колку сакам и нема да имам проблем со пари.

Addict

Се мислам што да правам и го смислувам ова:

Ќе се запишам на курс по англиски, ќе го направам англискиот перфектен и ќе си ги преведам стварите што ги пишувам. Ќе ја контактирам Опра. На Опра ќе и се допадне тоа што го пишувам (затоа што пишувам на теми што ги има во нејзините емисии) и после решен проблем.

Отидов наредниот ден и се запишав на англиски, обично ги завлекувам работите, ама сега побрзо ми требаат тие милион долари. Така и кога ќе ми се истуреше амфетаминот на земја и кога ќе го изгубев немаше да се замарам – ќе имав уште.

Не стигнав да го усовршам англискиот и паднав во овер од амфетамин и дојдов на рехабилитација

Враќам наназад што се случи и сваќам дека требаше само да најдам некој што ќе ми ги преведе текстовите, ама во брзање не размислив најубаво.

Сега се откажав од дроги и повеќе не ми требаат тие милион долари.

O.A.—Студент во Нарконон Балкан

АВТОРОТ

Filip Fidanovski

Filip is a Narconon Graduate who is now working as a Marketing and Promotions Manager at Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА