НАЈНОВИ ВЕСТИ
Патот до себеси
Работи на себе. Секој ден. Стреми се да станеш најдобрата верзија од себе – не поради другите, туку поради себе!
Објективни Вежби
Сега се чувствувам смирено одвнатре. Почнувам да го гледам животот поинаку од порано. Ќе продолжам понатаму да се гледам себеси како добра личност со чувство за себе и за околината.
Мојата Промена
Многу сум среќен што променив многу лоши навики од мојот живот и што станувам корисен човек – најпрво за себе, а потоа и за моите блиски.
Вистинска промена
Кога започнав со сауна осеќав несигурност во мене и бев многу затворен со луѓето околу мене. Во текот на сауната ми се врати целосно довербата во себе и секој ден станував се поотворен со тие луѓе кои ме опкружуваа. Моите емоции спрема мојата фамилија и спрема луѓето се вратија на завидно ниво.
Контрола врз својот живот
Сите предходни обиди да се оттргнам од тој живот ми биле без успех или траеле само неколку денови. Но, во НАРКОНОН БАЛКАН конечно мојот обид за комплетно нов живот се реализира, сега свесно сум причинител на се она добро што се случува околу мене и сфатив дека умот и телото ако работат во хармонија без токсини, човек има комплетна контрола врз себеси и врз својот живот.
Детоксикација
Последните денови почнав вистински да чувствувам дека моето тело конечно беше чисто од токсини и отрови кои сум ги внесувал години наназад. Се осетив многу удобно, како мојот живот штотуку да започна, сигурен и спремен за сите предизвици кои следуваат понатаму на програмата.
Квалитетен живот без дрога и алкохол
Благодарение на придобивките со кои се стекнав низ програмата за рехабилитација во НАРКОНОН БАЛКАН веќе не го одбегнувам животот туку почнав вистински да го живеам.
Од срам до Гордост!
Веќе се движам на правиот пат да бидам добар сопруг за својата жена и родител кој ќе биде пример за своите деца!
Продолжувам Среќна
Сега сум многу среќна што сум меѓу луѓе кои ми помогнаа да пораснам како личност и кои ме разбираат целосно.
Секој може да се промени
Долго време размислував дека треба да се сменам но не превземав нешто околу тоа, се беше една голема илузија. Во еден момент кога вистински одлучив дека сакам да се променам и дека повеќе неможам да го живеам тој живот тогаш дојдов во Нарконон Балкан.