НАЈНОВИ ВЕСТИ
НАЈТЕШКАТА БОРБА НА СВЕТОТ Е БИТКАТА СО СЕБЕ
„Почнав да земам дрога на 17 години. Првин користев марихуана, потоа и алкохол. Кога наполнив 21 година почнав да земам и хероин по неколкупати во денот. Со хероин почнав случајно. Бев пијан и еден другар извади и ме праша дали сакам да пробам. Реков дека сакам.“
Станав добар човек
Кога бев на училиште и имав 14 години почнав да користам дрога. Го оставив училиштето, не го завршив. Почнав да се занимавам со криминал, постојано го лажев семејството, правев само проблеми. Бев многу агресивен, нервозен, постојано мислев како да најдам дрога.