Донесов одлука да помогнам на општеството

Пред да дојдам во Нарконон 4 месеци пробував да ја победам мојата зависност од која патев 5 години. Пробав и се обидував на најразлични начини, тотално се посветив на самиот себеси и почнав да напредувам, но не за долго бидејќи и телото и умот ми беа преполни со отрови и непотребни слики. Во една недела преживеав 7-8 јаки стресови исполнети со телесни непријатности, а во умот само негативни и застрашувачки мисли.

Донесов одлука да помогнам на општеството

Пред да тргнам за да одам во Нарконон се сеќавам дека не бев способен да го врзам куферот. Дојдов во Нарконон и некако започнав со првиот чекор за одвикнување. Уште од првите денови од вежбите осетив придобивки, почнав повеќе да момуницирам, апетитот ми се зголеми и телесно се осеќав подобро. После тоа започнав со детоксикацијата на моето тело, кој и самиот процес не беше баш лесен и поминував низ многу промени но на крај се исплати. Имаше денови кога кажував само по 5 зборови, а имаше и денови кога се смеев и бев комуникативен и весел. Мојата боја на лице се враќаше, моите уништени сетила од дрогата се вратија, можев повторно да мирисам, вкусам и да ја гледам иднината во повеќе нијанси.

Ова беа прекрасни победи за мене и си помислив уништувајќи го моето тело со години, да можеш да се вратиш за два месеци е невозможно, но технологијата на Нарконон ми докажа дека е возможно и доживеав колку тоа чувство е прекрасно, таа виталност, таа благосостојба и почнав повеќе да го ценам моето тело и да се грижам за него.

После тоа следеше курсот Објективи во кој првиот дел се состои од комуникациски вежби кој ја доведоа мојата комуникација со луѓето на високо ниво. Се восхитував како сите аспекти од комуникацијата беа опфатени и ми помогна да ги подобрам моите недостатоци во неа и да почнам конечно да ги сослучувам луѓето и удобно да доаѓам до разбирање со нив. Потоа продолжив со вежбите Објективи кои значитено ја кренаа мојата свест и во нив дознав работи кои ќе ми користат за цел живот, ја вратив мојата самодоверба, станав ентузијастичен за мојот живот и веќе си поставив цели за него.

Narconon Balkan
www.narconon-balkan.org

Со следниот курс Надминување на нестабилноста во животот научив како да ја следам вистинската намера на личностите околу мене, точно со какви личности да се опкружувам и најважно од се имав чиста слика за личностите со кои бев опкружен во минатото и кој беа причина за мојата нестабилност.

Следен беше курсот Лични Вредности кој ми беше најомилен. Тука добив точна едукација за човекот како човек и неговото однесување, научив за поимите етика и морал кои се неопходни за човештвото. На овој курс се запознав самиот себеси, станав чесен, ги соочив сите мои штетни постапки кои ги имам направено во животот на сите области од мојот живот, превседов одговорност за истите, а истовремено се ослободив од тој товар и го засакав животот. Овој пат го засакав и започнав да чекорам во него со интегритет, чесност, високи идеали и најважно од се, добра намера и љубов кон луѓето и околината во која се наоѓам. Моите одлуки станаа поцврсти и со здраворазумно размислување пред да ги донесам, почнав да размислувам за нив така што ќе донесе најголемо добро во сите области од мојот живот и така ја донесов одлуката да останам во Нарконон и да го помогнам општеството против најголемата епидемија во него—дрогата.

Со последниот дел од програмата научив како правилно и прецизно да се качувам нагоре во животот и како точно да реагирам во секоја ситуација, исто и да увидам дали напредувам или не во животот и тука веќе почнав да заборавам на дрогите и да ги чувствувам како згрешена домашна задача во градинка и почнав да мислам и да целам кон постанување на една од најуспешните личности.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА