Најава за мојот нов живот без дроги

Jaс бев компјутер полн со вируси, неупотреблив и никој никаква корист од мене немаше. Креирав проблеми, мониторот кога беше бел а кога црн, кој и да сакаше да прави нешто со мене, после некое време прекинуваше затоа што не функционирав, проблеми правев и не ни бев свесен за тоа. Ова е една споредба каков бев, во секој поглед на животот тонев, во главата ми беше хаос и се ми беше измешано. Бев полн со лоши слики како што се дрогирање, крадење, пиење алкохол, насилство и криминал, полн со разни вируси и добрите слики кои беа во мал број, беа неприметни и немаа никаква моќ. Толку грешев во секој поглед на животот што добро е што сум жив, од грешка во грешка, од проблем во проблем и така се тоа се таложело и никогаш ништо не соочив. Така оставав и сето тоа ми направи хаос од мојот живот.
За среќа стигнав до курсот Лични Вредности и навистина ги вратив моите лични вредности. Претходно не знав главата каде ми е а на пак моите лични вредности. За прв пат во мојот живот ги соочив сите штетни постапки кои ги направив према себеси, семејството, сексуалните партнери, групите, општеството, живиот свет и предметите односно материјалниот свет. Рака на срце не ми беше лесно свесно да ги соочам штетите. Тоа е борба сам со себе но наградата е бесценета а тоа е јас компјутер без вируси, без страв за проблемите и едноставно со работењето на практичната задача од курсот ја тргнав лошата тиња од мене која се таложеше со години и ме гушеше. Стегав вилица, плачев, се смеев но на крај се соочив и видов колку безобзирен бев, колку немав чувства за сопственост и своја и туѓа, ми стана јасно зошто толку често ја менував работата, зошто запоставив спорт, миленици итн.
„Чувството на олеснување и стабилност
се незаменливи.“
Чувството на олеснување и стабилност се незаменливи. Чисто чувство, бистра глава и разумно размислување. Едноставно научив да соочувам и увидов како штетите влијаат во секое поле од мојот живот. Се ова е неверојатно искуство за мене и е најава за мојот нов живот без дроги.
Студент на Нарконон Балкан – Н.Н.