Нова личност благодарение на курсот Лични Вредности

Нова личност благодарение на курсот Лични Вредности

Со завршување на курсот Лични Вредности станав нова личност со други концепти и други гледишта кон животот. Станав многу по разумен и по етичен. Открив како навистина треба да се однесува една личност кон себе, кон семејството, кон пријателите и кон целото општество. Научив што е тоа морален кодекс на однесување и што се случува доколку не се почитува истиот, дека правдата настапува на сила. Сега сваќам зошто е потребно човек да биде искрен и чесен. Сваќам и дека треба да се борам за останокот и дека треба да имам убав опстанок а не да преживувам, или уште полошо да тонам во мизерија со дрогата.

„Cега се чувствувавм прероден. Толку лесно не сум се чувствувал никогаш претходно.“

Потребно е да го зграпчам животот во свои раце и да чекорам цврсто кон иднинанта со ново знаење и разумни одлуки кои ќе ми носат победи во сите области од животот.

Работејки го курсот, земајки ги во предвид штетните постапки кои сум ги направил и штетните постапки кои не сум ги споделил, сега се чувствувавм прероден. Толку лесно не сум се чувствувал никогаш претходно. Добив убави сознанија и извлеков корисни поуки. Дојдов до заклучок дека треба да ја надоместам штетата предизвикана од тие постапки, како за себе така и за другите. Не сум повеќе таа себична личност која гледа само за себе и функционира како единка. Научив и дека животот може да ни донесе сешто и дека треба да се биде спремен на сешто. Јас сум спремен да соочам сешто и од секоја потешкотија да излезам посилен а не да дозволам тоа да ме турне или пак да се предадам. Но исто така видов дека и јас треба да правам нешта што би можеле другите и моите блиски лесно да ги искусат.

Се чувствувавм посреќен од порано имајки го ова знаење. Кога сите луѓе би го имале ова знаење, светот би бил подобро место за живеење.

Студент од Нарконон – Балкан - Г.З.


За да ја зачуваме приватноста, сликата која ја прикажуваме не го прикажува директно Нарконон студентот или студентот кој има завршено Нарконон програм.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА