Што постигнав со завршувањето на Нарконон Програмата?

Narconon Balkan

Кога дојов во Нарконон Балкан бев целосно уништен како физички така и умствено. Почнав со чекорот Одвикнување без употреба на дроги и по само неколку дена ми се врати апетитот и го подобрив квалитетот на спиење. За брзо време започнав со Детоксикацијата Нов Живот и чистејки го телото од дрогите што сум ги зел во текот на животот почнав да размислувам подобро за мене и за мојата иднина.

После детоксикацијата следуваше курсот Објективи. Бев малку скептичен во врска со овај курс но штом започнав со комуникациските вежби и ги осетив придобивките од нив сватив дека овие курсови навистина ќе ми помогнат. Па бев спреме да продолжам и да ги следам упатствата од супервизорите. За време на овај курс поминував низ разни промени и реакции, но најважно е што успеав да се вратам во сегашно време и станав многу посвесен за сите работи што ме опкружуваат и за луѓето во мојата околина. Најголема придобивка ми беше тоа што престанав да размислувам за дроги и насилство.

Пота започнав со делот Вештини за Живеењетo, со курсевите кои на мене делуваа магично и ме сменија како личност. Со првиот курс Надминување на Нестабилноста во Животот успеав да го забележам и порменам моето лошо однесување и сватив како другите луѓе што ме опкружуваат влијаат на мене и моето однесување. Благодарение на овај курс сега можам да препознаам кој ми се вистински пријатели и кој не. Сега сум сигурен дека нема повторно да западнам во неволји. Работејки го курсот Лични Вредности осетив олеснување, едноставно се ослободив од сите лоши нешта што ги имав направено во минатото а ми тежеа на душа. Станав внимателен во тоа што го правам и повеќе не правам лоши дела поради што знам како тоа ќе се одрази во мојата иднина. Злобата што некогаш ја имав во мене со помош на овај курс целосно исчезна. Во последниот курс Менување на состојбите во животот научив како да се држам до моите цели и како да напредувам во сите области од мојот живот.

Narconon Balkan
„Потполно сум сигурен дека нема повторно да земам дроги.“

Завршувајки ја програмата на Нарконон се чувствувам како од ново да сум роден, целосно сум рехабилитиран и потполно сум сигурен дека нема повторно да земам дроги. Спремен сум за новиот живот.

Дипломец на Наркононон Балкан - А.Ј.

АВТОРОТ

Narconon Balkan

НАРКОНОН БАЛКАН

ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ОД ДРОГА

Добијте помош сега
ЈАВЕТЕ СЕ НА